All for Joomla All for Webmasters

Скопје со околината изобилуваат со локалитети кои потекнуваат од средновековниот период. Бурната историја на средниот век оставила забележливи материјални траги напластени во културната стратиграфија на овој регион, со средиште во Скопје како негов важен стратешко-политички, економски и религиозно-духовен центар.

Археолошки истражувања се изведувани на повеќе локалитети, но со  поголем обем на тврдината на лок. Марково Крувче на источната падина на Водно и на тврдината на Скопското Кале.

Со археолошките ископувања се формирани повеќе средновековни збирки кои се составен дел од колекцијата на Музеј на град Скопје. Позначајни се збирката на средновековна грнчарија, со бројна застапеност на луксузните трпезни садови украсени во техника на сликање, гравирање и глеѓосување, потоа збирката на средновековни монети со близу 400 примероци и неколку збирни остави (Манојло I Комнен, Исак II Ангел, Јован III Дука), збирката на средновековен накит и др.

Дел од оваа колекција може да се види сместена во поставката презентирана во изложбениот простор на Сули Ан во старата скопска чаршија.