Warning: file_put_contents(/home/mgsorg/public_html/templates/jm-university/fonts/Multicolore/font.css): failed to open stream: Permission denied in /home/mgsorg/public_html/libraries/joomla/filesystem/file.php on line 435
26 ЈУЛИ 1963 ГОДИНА И МАНИФЕСТАЦИЈА “СРЕДБА НА СОЛИДАРНОСТА”- 60-ТИ И 80-ТИ ГОДИНИ НА XX ВЕК
All for Joomla All for Webmasters

Збирката на предмети од времето на катастрофалниот земјотрес во Скопје од 26 јули 1963 година опфаќа предмети од различни категории. Во збирката има: телеграми, писма, обврзници, списоци со разновидна помош испратена на настраданото население, фактури испратени од многубројни претпријатија со помош за настраданиот град, како и бројните извадоци од весници коишто известувале за настанот. Поголемиот дел од овој материјал на Музејот е дониран во 70-те години од страна на Собранието на Град Скопје.

Од особено значење во збирката е документарниот филмски и аудио материјал снимен на ленти непосредно по земјотресот на кои се документирани искажувањата на сведоците на катастрофата, болните доживувања на скопјаните, како и сведоштвата на хуманите луѓе од целиот свет, кои летото 1963-та учествувале во расчистувањето на урнатините на настраданиот град. Како експонат од особено значење за оваа збирка е аудио лентата на која е снимен говорот на првиот секретар на КП на СССР и претседател на Министерскиот совет на СССР, Никита Сергеевич Хрушчов, којшто го посетил Скопје на 22 август 1963 година.

Останатиот дел од збирката содржи бројни предмети поврзани со манифестацијата “Средба на солидарноста” која се одржувала во Скопје од 60-те до 80-те години. Материјалот содржи предмети од културните и спортски настани одржани во склопот на оваа манифестација.

Во збирката влегуваат материјали од други значајни меѓународни спортски настани одржани во Скопје во текот на 70-те и 80-те години, како што биле Шаховската олимпијада од 1972 и Светското првенство во кајак на диви води од 1975 година.