Warning: file_put_contents(/home/mgsorg/public_html/templates/jm-university/fonts/Multicolore/font.css): failed to open stream: Permission denied in /home/mgsorg/public_html/libraries/joomla/filesystem/file.php on line 435
ГРАДСКА ОБЛЕКА
All for Joomla All for Webmasters

Предметите од Збирката на градска облека во Музејот го презентираат начинот на облекување во градот Скопје во периодот од втората половина на Х„Х век се до 70-те години на ХХ век. Преку повеќе од четиристотини предмети во оваа збирка може да се воочат неколку развојни фази во облекувањето и модни стилови на населението во градот, ала турка, ала франга И современ стил?.

Во Х„Х век начинот на живот и облекувањето на скопјани биле во стилот "ала турка", создаден под силно влијание на Истокот и долгиот престој на Османлиите на Балканот. Облеката од овој стил застапена во збирката е со ориентален крој, изработена од скапоцени материјали како свила, кадифе и чоја. Украсена е со срмен вез со елементи од левантска орнаментика. Најстарите предмети во збирката датираат од средината на Х„Х век.

Облеката во стилот "ала франга" настанала под влијание на европската мода и се прифатила во Скопје во последните децении на Х„Х век, период во кој е засилен увоз на материјали и се појавуваат првите модни кројачи. Предметите во овој стил кои ги поседува Музејот датираат од почетокот на ХХ век. Меѓу нив доминираат женските уникатни дводелни фустани од атлас, сатен, брокат или рипс надополнети со бројни модни додатоци и накит, како и машки свечени одела и шапки.

Предметите во збирката кои се производ на современата мода и на масовното индустриско производство, ја следат еволуцијата на модата и сведочат дека скопјани брзо се вклучуваат во најсовремените модни текови.