Warning: file_put_contents(/home/mgsorg/public_html/templates/jm-university/fonts/Multicolore/font.css): failed to open stream: Permission denied in /home/mgsorg/public_html/libraries/joomla/filesystem/file.php on line 435
ТРАДИЦИОНАЛНИ ПРЕДЕМЕТИ ОД МЕТАЛ
All for Joomla All for Webmasters

Збирката се состои од 610 предмети за секојдневна употреба и алатки изработени од метал. Датираат од периодот на втората половина на Х„Х век се до средината на ХХ век. Основната поделба на предметите од оваа збирка е направена според функцијата итоа: покуќнински предмети кои се употребувале во градските и селски домаќинства, предмети за лична употреба, алатки од традиционалното стопанство и занаетчиски алатки. Предметите во збирката претежно се производ на домашни мајстори, со исклучок на неколку кои се импортирани.

Покуќнината изработена од метал во збирката опфаќа предмети за подготвување, чување и конзумирање на храна и пијалаци (котли, грниња, тави, тенџериња, синии, авани, стомни, ќумови, чаши); предмети поврзани со греење на домот (мангали, маши, пирустии); за осветлување(лустери, ламби, фенери); делови од ентериер и екстериер на градска куќа (корнизи, окови за врати, прозорци). Бакарните предметите за послужување и конзумирање на храна и пијалоци се истакнуваат по својата изработка. Тие се украсени со орнаменти од левантската уметност, итоа со вегетативни мотиви комбинирани со геометриски форми. Ваквата декорацијата била прифатена и од македонските казанџии кои истата ја збогатиле најчесто со лозови листови. Бројот и квалитетот на бакарните предмети во минатото го одредувале статусот на смејството. Сребрените покуќнински предмети од збирката се воглавно импортирани од земјите од Средна Европа во првата половина на ХХ век. Украсени се со барокни елементи.

Предметите за лична употреба во збирката се застапени со посатки за козметика; прибор за шиење, пушачки прибор од кој чибуците, муштиклите и табакерите од сребро изработени од домашни ковенџии со филигранска техника и гранулација особено се одликуваат со високи естетски вредности.

Од другастрана, занаетчиските алатки(од берберски, кујунџиски занает); предметите од традиционално стопанство(алатки за обработка на земја, пчелартво) примарно се одликуваат со функционалност.

Преку Збирката на метални етнолошки предмети во Музејот на град Скопје хронолошки може да се проследи развојот и промената на покуќнинските предмети, како и развојот на занаетите поврзани со изработка на тие предмети: казанџискиот, ковачкиот и кујунџискиот, се до навлегување на индустриски производи на домашниот пазар.

 Големиот број на предмети сведочи за комплексниот живот на населението во Скопје и околината, како одраз на развиената социјална организација и култура.

Нова музејска збирка “50-ТИ, 60-ТИ, 70-ТИ –СКОПЈЕ“

Во етнолошкото одделение на Музејот на град Скопје во тек е формирање на нова музејска збирка од периодот на 50-ти, 60-ти, 70-ти години на 20 век. Музејската збирка содржи сегменти од материјалната и духовната култура на градот Скопје, а еден од нејзините главни делови е облеката и модата на Скопјани од истражуваниот период. Напоредно со формирањето на новата музејска збирка се истражува повоениот период и влијанијата и промените кои настанале во начинот на живот во градот Скопје. Потребата за собирање и чување на предмети е значајна поради временската дистанца, но и поради зачувување на културниот идентитет на градот од тој период. Новата музејска збирка се создава по пат на донации и откуп на етнолошки предмети кои се поврзани со градот во 50-ти, 60-ти и 70-ти години.