Од почетокот на формирањето на Народниот музеј во 1949 година биле собирани етнолошки предмети.
1951
Првиот запишан етнолошки предмет во инвентарната книга на музејот се етнолошките премети од градска облека. Откупени се пола од тантела и фустан од драп атлас за 8000 динари на 31.03.1951 година од Мара Христова Крстева од Скопје.
1953
Вработен првиот етнолог во музејот, Марика Јанева.
Во просториите на музејот кој бил сместен во зградат на Турската пошта наспроти Скопската Тврдина, започнала изложбената активност на одделението, каде бил поставен атрактивен амбиент на градска соба во стилот "ала турка".
Од 1970 година
Во 70-те години биле дефинирани збирките на етнолошкото одеделени. Во овој период извршени се и значајни теренски истражувања.
1983
Отворен Музејот на Старата скопска чаршија во Сули Ан, каде новите збирки на етнолошкото одделение биле изложени.
1988
Отворена е првата значајна етнолошка изложба во Музејот со наслов "Низ фондот на етнолошкото наследство во Музејот на град Скопје".
1991
Реализирана е изложбата "Малахова-минијатури", на која се претставени оригинални цртежи-минијатури од Марија Малахова со мотиви на предмети од етнолошката збирка на музејот, кои во 50-тите години служеле за документирање на предметите.
1992
Реализирана е тематската изложба "Огнот во животот на домаќинствата".
1994-2001
Етнолошкото одделение при Музејот реализира неколку изложби на саемот за мода "Модест", за кои добива две плакети и една статуетка "Златна Билјана".
1996
Во соработка со Рускиот етнографски музеј од Санкт Петерсбург започна научно-истражувачкиот проект "Етнографските материјали од Македонија во Рускиот етнографски музеј во Санкт Петерсбург".
2001
Етнолошкото одделение учествува во проектот "Македонија 1913". Музејот на град Скопје и Францускиот културен центар остваруваат соработка со Музејот на Алберт Кан од Париз каде се чува збирка од 166 автохроми од Македонија снимени од Август Леон во периодот од 1912 и 1913 година. Овој проект резултираше со изложба и монографија.
2002
Излезе во печат монографијата "Животот во Скопје 1918-1941", како резултат на долгогодишниот научно-истражувачки проект "Создавање на граѓанска класа во Скопје во периодот меѓу двете Свестки војни".
2003
Реализирана е изложбата "Македонските колекции од фондовите на Рускиот Етнографски музеј", на која беа претставени 160 етнолошки предмети од почетокот на Х„Х век, сопственост на Рускиот етнографски музеј. Предметите се собрани од Стефан Верковиќ за "Првата серуска етнографска изложба" која се одржала во Москва во 1867 година, на која биле презентирани збирки етнографски материјали од сите словенски народи.
2005
Тематската изложба "Килими од етнолошкиот фонд на Музеј на град Скопје".
2005
Изложба "Етничко шаренило во Скопје од крајот на 19 век до почетокот на Втората светска војна", на која преку етнолошки предмети, паноа и два амбиента од градска соба претставени се различните етнички групи и нивната култура кои живееле во градот Скопје во тој период.
2006
Отворена е изложбата "Полски народен украс и неговата современа примена" од Државниот етнографски музеј во Варшава, во Музејот на град Скопје во рамките на манифестацијата "Бела ноќ".
2007
Претставена е изложбата "Празнување на Прочка во Скопје" по иницијатива и во соработка со етнологот Ангелина Крстева која го отстапи поголемиот дел од фотографиите на изложбата.
2007
Изложба "Материјална и духовна култура на Македонците муслимани" на која се презентирани етнолошки предмети од неколку етнографски предели на Република Македонија каде живеат Македонци муслимани, донирани на музејот во 1997 година од проф. д-р Нијази Лиманоски. Збирката содржи 300 предмети, народна носија, покуќински предмети од дрво, глина, и метал, фотографии и друг дониран материјал (дипломи, пофалници, благодарници, литература).
2008
Остварена е изложбата "Најубавата", на која беше претставен развојот на невестинскиот фустан од средината на Х„Х век до денес, преку фотографии и невестински фустани.
Културниот идентитет на градот од 1945 до крајот на 70-тите години на 20 век
Културна и антрополочка топографија на Скопско во 20 век
Берг енциклопедија
Ново мексико моногарфија
Етнолошкото одделение до денес е во постојан подем во однос на неговата активност и има реализирало околу 25 самостојни и групни изложби во просториите на Музејот и надвор од него.
Збирката етнолошки предмети содржи 5000 предмети, кои поради својата разноликост се поделени во неколку збирки, и тоа: народна носија, градска облека, текстилна покуќнина, покуќнина, од дрво и мебел, метални етнолошки предмети, покуќнина од глина, керамика, порцелан и стакло и збирка занаетчиски алатки од која најголем дел се изложени во Музејот на Стара чаршија. Во одделението се истражува и народната архитектура, како и духовната култура на Скопје и околината.