
Јавен повик
за “Одбележување на 70 години од основање на Музејот на град Скопје“
Цел на јавниот повик: Одбележување на Јубилејот 70 години од основањето на Музејот.
Право на учество: Сите правни субјекти и физички лица.
Подносителите треба да ги исполнуваат следниве критериуми за учество:
- Да има релевантно искуство во развивање на креативни концепти, проекти и стратегии со мултимедијален карактер и содржини;
- Да има релевантно искуство во управување со проекти (спроведување на активности поврзани со организирање и координација на комплексни проекти/настани);
- Да располага со технички и човечки ресурси за управување со проекти/настани.
Потребни документи:
- Пријава за учество на јавен повик;
- Предлози со опис на предлог активности;
- Детален работен план, со кој ќе се овозможи реализација на Јубилејот;
- Предлог финансиска конструкција за реализација на активностите за одбележување;
- Референтна листа од најмалку 3 реализирани слични проекти;
- Потврда од Управа за јавни приходи за платени даноци и други јавни давачки (за правни лица).
Предлозите треба да опфаќаат поединечно:
- Режија на документарен филм –ретроспектива на Музеј на град Скопје;
- Режија на посебно видео со 3Д анимација;
- Режија и видео/аудио реализација на настанот „70 години Музеј на град Скопје“;
- Изготвување на сценарио за документарен филм-ретроспектива на Музеј на град Скопје;
- Изготвување на сценарио за настан „70 години Музеј на град Скопје“;
- Монтажа на видео за документарен филм- ретроспектива на Музеј на град Скопје;
- Монтажа на посебно видео со 3Д анимација;
- Монтажа на видео записот од настанот „70 години Музеј на град Скопје“;
- Снимање на видео во фул ХД резолуција за настан „70 години Музеј на град Скопје“;
- Снимање на инсерти и кадри според потребите на сценариото и режисерскиот пристап за реализација на настанот;
- Изработка-анимирање на 3Д анимации за видео за документарен филм- ретроспектива на Музеј на град Скопје;
- Анимирање на посебно видео со 3Д анимација;
- Монтажа на тон на видео за документарен филм- ретроспектива на Музеј на град Скопје;
- Монтажа на тон на посебно видео со 3Д анимација;
- Монтажа на аудио записот од настанот „70 години Музеј на град Скопје“;
- Компонирање на музичка подлога за видео за документарен филм- ретроспектива на Музеј на град Скопје;
- Компонирање на музика за посебно видео со 3Д анимација;
- Компонирање на музика за финалниот измонтиран видео запис од настанот „70 години Музеј на град Скопје;
- Графички видео дизајн на видео за документарен филм- ретроспектива на Музеј на град Скопје;
- Графички видео дизајн на посебно видео со 3Д анимација;
- Графички видео дизајн на видео записот од настанот „70 години Музеј на град Скопје“;
- Тон мајстор за звучно обликување на настан „70 години Музеј на град Скопје“;
- Светло мајстор за структурно и архитектонско осветлување на сцената на Музеј на град Скопје за настан „70 години Музеј на град Скопје“;
- Дизајн на монографијата 70 години Музеј на град Скопје;
- Активности поврзани со организација и комплетен дизајн на изложба по повод 70 години Музеј на град Скопје.
Критериуми за избор на најдобри предлози:
- Креативност и иновативност на предлозите за одбележување на Јубилејот;
- Ефикасност во искористувањето на планираните финансиски средства за спроведување на предложените активности;
- Релевантно искуство на подносителите на пријавата.
Јавниот повик трае 5 (пет) дена од денот на објавувањето. Предлозите треба да се достават до ЈУ Музеј на град Скопје, по пошта на адреса: ул. „Свети Кирил и Методиј“ б.б. или во Архивата на ЈУ Музеј на град Скопје најдоцна до 15:00 часот на последниот ден од завршувањето на јавниот повик.
Комисија составена од претставници на ЈУ Музеј на град Скопје ќе направи избор на предлози кои ќе го реализираат одбележувањето на Јубилејот.
Предлозите со непотполни податоци, како и тие што нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да бидат разгледувани.
Дополнителни информации може да се добијат на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и телефон 02/3227388
Средствата за реализација ги обезбедува ЈУ Музеј на град Скопје и Град Скопје.
ЈУ Музеј на град Скопје
https://wetransfer.com/downloads/691754abac6e300837c7c57692b9d93c20190918073953/8f0920140f5d9197826ab0a5ef97b00c20190918073953/1be89e
Видео презентација во врска со јубилејот "70 години Музеј на град Скопје":
https://youtu.be/4w53AKXSXwE